ВИДЕО | Скандал ја тресе Формула 1: Хамилтон останува без шампионската титула од 2008 година?!

фото: EPA/JAGADEESH NV

Луис Хамилтон, еден од најдобрите Формула 1 возачи во историјата, би можел да ја загуби титулата што ја освои во шампионатот во 2008 годинa, пренесува „Дејли Мејл“.

Тогаш Хамилтон, во последната трка од сезоната, во една од последните кривини го престигна Тимо Глок, а на дождот кај Интерлагос успеа да ја освои титулата со 98 поени, еден повеќе од Фелипе Маса, кој заврши 97.

Иако крајот на сезоната беше шокантен, но и многу сомнителен, бразилскиот возач не ја оспорува оваа трка, туку онаа во Сингапур, кога Нелсон Пике удри во ѕидот во клучен момент од трката, по што излезе безбедносното возило на патеката, во корист на неговиот тимски колега Фернандо Алонсо, но не и Маса.

Тогаш прв човек на Формула 1 беше Берни Еклстоун, кој самиот откри детали кои сериозно го оштетија Маса, кој при излегувањето на безбедносното возило влезе во „пит-бокс“ како првопласиран и падна дури на 13 место, додека Хамилтон се искачи на третото, што на крајот ја реши титулата во таа сезона. Во таа трка славеше токму Алонсо, кој имаше најголема корист од настанот на патеката, бидејќи тој беше единствениот кој во тој момент заврши со полнење гориво.

Тимот на Рено, Нелсон Пике и Флавио Бријаторе беа казнети поради оваа малверзација, а Маса ќе се обиде преку своите адвокати да ја освои титулата.

– Макс Мозли (тогаш првиот човек на ФИА) знаеше за оваа ситуација, но решивме да не правиме ништо околу тоа за да спречиме поголем скандал и да го спасиме нашиот спорт. Затоа се обидов да се погрижам ништо да не излезе и Нелсон Пике да ја држи устата затворена некое време. Имавме доволно информации за да знаеме што се случува, требаше да ја прекинеме трката и да ги поништиме резултатите. Да не се случеше тоа, Хамилтон немаше да стане шампион, туку титулата ќе ја имаше Фелипе Маса – изјави Еклстоун.

Иако шансите се мали, Хамилтон би можел да загуби една од седумте светски титули, додека Маса би можел да тргне по својата единствена шампионска круна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот