ВИДЕО: Шведскиот атлетичар Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап

фото: EPA-EFE/Fredrik Sandberg

Арманд Дуплантис продолжи да ги поместува границите и уште еднаш го собори светскиот рекорд во скок со стап што го држеше до сега. На митингот во Клермон, Франција, тој прескокна 6,22 метри и го подобри рекордот што претходно го држеше за еден сантиметар.

Шведскиот атлетичар ја надмина сопствената граница од соништата од шест метри и 21 сантиметар, која ја постави со освојувањето на светската титула во Орегон минатата година.

Во првиот обид Дуплантис прескокна 5 метри и 71 сантиметар, потоа отиде на 5 метри и 81 сантиметар и во вториот обид дојде до скок од 5 метри и 91 сантиметар, па запиша 6 метри и еден сантиметар веќе во првиот обид. Конечно и во третиот обид Дуплантис постави нов рекорд од 6 метри и 22 сантиметри.

Швеѓанецот роден во САД го постави првиот од своите светски рекорди во февруари 2020 година, кога скокна 6,17 метри, надминувајќи го светскиот рекорд во 2014 година поставен од Рено Лавилени.

– Кога имате вакви моменти, кога енергијата е на својот врв и го напаѓате рекордот, се чувствувате како да левитирате. Имав чувство како моето тело да не ја допирало земјата во текот на целиот скок – вели Дуплантис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот