ВИДЕО: Што се случува со дрим тимот, втор по раз по ред на подготовките

EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

По шокантниот пораз од Нигерија, кошаркарите на САД се поразени и на вториот подготвителен натпревар пред настапот на Олимписките игри во Токио. Овој пат подобар од дрим-тимот беше селекцијата на Австралија која славеше со 91:83.

САД по 29 години за прв пат загуби на два пријателски натпревари по ред, откако од 1992 година па до ова лето имаа 54 победи и само два порази на контролните натпревари.
Кошаркарите на САД имаа контрола на резултатот во поголем дел од натпреварот кој се играше во Лас Вегас. Во финишот на втората и стартот на третата четвртина, предноста беше и двоцифрена, но кошаркарите на Австралија успеаја да се вратат во игра пред последниот дел од играта.

Во одлучувачката четвртина, Австралија во финишот направи серија од 10:1 и ги реши дилемите околу победникот. Најефикасен кај победникот беше Пети Милс со 22 поени, Џо Инглс даде 17 поени, додека во редовите на САД, Демиен Лилард постигна 22 поени, а Кевин Дурент 17 поени.
Нареднииот натпревар, дрим тимот ќе го игра утре вечер против Аргентина, додека Австралија ја очекува пресметка со Нигерија.
Олимписките игри во Токио ќе започнат на 23 јули, а дрим тимот го брани златото на кошаркарскиот турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот