ВИДЕО: Што се случува со Арсенал, „волците“ го освоија Лондон!

Фото: EPA-EFE/Julian Finney/POOL

Во последниот натпревар од саботната програма на 10 коло во Премиер лигата составот на Арсенал ги разочара своите фанови на домашен терен со поразот од Вулверхемптон (1:2).

На „Емирати“ стадионот популарните „волци“ благодарение на Португалците Нето и Поденс успеаја да ја забележат петтата победа сезонава.

Сите голови беа реализирани во првото полувреме, гостите поведоа со голот на Нето во 27 минута од средбата. Израмнија „топчиите“ само 180 секунди подоцна откако Вилијан убаво центрираше во противничкиот шеснаесетник, највисоко скокна Габриел и ја затресе мрежата на Патрисио.

Непосредно пред паузата (42`) Поденс искористи една одбиена топка, како и невниманието во одбраната на лондонскиот клуб, и го постави конечниот епилог на овој меч.

Натпреварот го обележа и судирот помеѓу Давид Луиз (Арсенал) и Раул Хименез (Вулверхемптон), а подебелиот крај го извлече гостинскиот фудбалер кој со носилка беше изнесен од теренот и веднаш беше префрлен во болница. Информациите велат дека е свесен и е во добра состојба.

Арсенал нема пораз во Лига Европа и таму е веќе во нокаут-фазата, но играчите предводени од менаџерот Микел Артета никако да ја префрлат таа одлична форма и на домашната сцена и моментно се дури на 14 позиција после петтиот пораз со 13 бодови, осум помалку зад водечкиот Тотенхем кој во дербито на рундата ремизираше без голови кај Челси. Вулверхемптон е на шестата позиција со 17 бодови.

ВИДЕО: Јунајтед од 0:2 до 3:2, му падна „камен од срце“ на Солскјер!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот