ВИДЕО: Јунајтед од 0:2 до 3:2, му падна „камен од срце“ на Солскјер!

Фото: EPA-EFE/Mike Hewitt/POOL

Во 10 коло од Премиер лигата денеска на стадионот „Ст. Мери`с“ стадионот составот на Манчестер јунајтед триумфираше со резултат 2:3 против Саутемптон.

Ова е осмата гостинска победа за Јунајтед во Премиер лигата, што претставува нов клупски рекорд.

Во првото полувреме домаќините стекнаа први позитива со голот на Полјакот Беднарек кој највисоко скокна после изведениот корнер на Ворд-Проус во 33 минута од мечот.

Асистентот на тој погодок 10 минути подоцна ја зголеми предноста со прекрасен погодок од слободен удар, голманот на „црвените ѓаволи“, Де Геа не успеа да одбрани.

И кога сите помислија дека овој дуел можеби ќе биде последниот на клупата за менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се случи спротивното. Играчите на норвешкиот стратег направија целосен пресврт, а истиот го најави Фернандеш после асистенцијата на Кавани во 60 минута од средбата.

Токму овие двајца играчи беше и едни од најзаслужните за петтата победа (трета по ред) сезонава, ги сменија „улогите“ во 74 минута за израмнување. А конечниот епилог беше поставен во судиското надополнување (90+2`), Решфорд во прав момент го пронајде Кавани кој со глава ја испрати топката во мрежата за голема радост на неговиот клуб.

На табелата „црвените ѓаволи“ се на седмата позиција со 16 бодови, колку што има и Евертон на шестото место, а еден помалку од петтопласираниот Саутемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот