ВИДЕО | Шпанска пратеничка од крајната десница влезе во парламентот облечена во никаб
Појавувањето на политичарка од крајно десничарската партија Вокс која носеше никаб во регионалниот парламент на Мурсија, Шпанија, предизвика сензација, кратко пред клучното гласање за забрана на таква облека на јавни места, пренесува Аустгралијан.
Препорачано
„Протестниот чин“ на Вирџинија Мартинез, кој се совпадна со обидот на нејзината партија да воведе забрана за бурки и никаби во регионот, предизвика непосредна реакција од претседателката на парламентот, Миријам Фуертес, која ѝ забрани на Мартинез да зборува додека ја носи облеката.
La #AsambleaRegional me prohíbe debatir con el #Niqab. Si no se puede llevar en la sede de la soberanía Regional tampoco se debería llevar en los espacios públicos de la Región. #NiBurka #NiNiqab #Libertad pic.twitter.com/HyP3NUU6Bq
— Virginia Martínez 🇪🇸 (@virginia_vmg) December 10, 2025
Иако предлогот на Вокс на крајот беше отфрлен од регионалните пратеници, Мартинез ја искористи оваа „интервенција“ за да привлече внимание од медиумите и да ги промовира ставовите на нејзината партија. Пратеничката објави видео од нејзиното влегување во парламентот на Мурсија на социјалните мрежи, нагласувајќи дека, исто како што на политичар му е забрането да зборува во регионалното законодавно тело со покриени црти на лицето, истото треба да важи и за јавните простори во Мурсија.
Откако го симна никабот и ѝ беше дозволено да зборува, Мартинез ја даде следнава изјава во парламентот: „Среќни сме што овие облеки не се дозволени бидејќи, по 50 години демократија, гледаме како жените сè уште се принудени да живеат во затвори од ткаенина, што не е знак на слобода за која било жена во општеството. „Затоа сме среќни што не им е дозволено да бидат во овој парламент, но не треба да им биде дозволено на кое било јавно место во регионот.“
Акцијата на Мартинез потсетува на сличен потег во Австралија минатиот месец, кога сенаторката Полин Хансон, од антиимиграциската партија „Една нација“, носеше бурка во парламентот за да се залага за нејзина забрана. Акцијата на Хансон доведе до нејзино еднонеделно „исклучување“ од парламентот.
Australian Senator Pauline Hanson was kicked out of parliament after wearing a burqa to promote her ban, saying, “If you don’t want to see me in a burqa, then ban its use.” pic.twitter.com/GanKcHheNZ
— Open Source Intel (@Osint613) November 24, 2025
ВИДЕО | Хаос во австралискиот парламент: Сенаторка се појави во бурка и предизвика бурни реакции


