ВИДЕО | Шоу на Мбапе: Им го „сврте паметот“ на фудбалерите на Азербејџан и постигна гол

Француската фудбалска репрезентација сигурно чекори кон пласман на Светското првенство следната година, а Килијан Мбапе повторно блесна во националниот дрес. Ѕвездата на „триколорите“ постигна гол на десетти натпревар по ред, во дресот на клубот и репрезентацијата со што стигна до 53. погодок во својот 93 настап за Франција. Покрај погодокот, Мбапе вчера запиша и асистенција.

Фантастичната форма на Мбапе ја потврди во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме, кога минувајќи неколкумина противнички играчи го матираше голманот со прецизен удар во долниот лев агол. Токму овој гол на францускиот напаѓач беше избран и за гол на колото. Во продолжение во вториот деел Рабио и Флоријан Товен ги поставија конечните 3-0.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот