ВИДЕО: Шок на „Гудисон парк“ – Арсенал вкуси пораз после 13 натпревари во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/Peter Powell

Фудбалерите на Арсенал загубија со 1:0 од Евертон во 22 коло, тоа е прв пораз за играчите на Микел Артета по 13 натпревари без пораз во Премиер лигата, а прва победа за „карамелите“ по осум меча без триумф.

Под водство на новиот менаџер Шон Дајч, фудбалерите на Евертон остварија голема победа на својот „Гудисон Парк“ во борбата за опстанок во елитата.

Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше дефанзивецот Џејмс Тарковски во 60 минута кога најдобро реагираше во мешаницата пред гостинскиот гол по корнер и од пет метри со глава ја затресе мрежата.

Со оваа победа Евертон скокна од 19 на 17 место, со моментно 18 бодови, додека Арсенал, пак, остана на 50 бодови на водечката позиција, пет повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Премиер лига, 22 коло

Сабота
Евертон – Арсенал 1:0 (Тарковски 60`)

16.00 часот
Астон Вила – Лестер
Брентфорд – Саутемптон
Брајтон – Бурнмаут
Манчестер јунајтед – Кристал палас
Вулверхемптон – Ливерпул

18.00 часот
Њукасл – Вест хем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот