ВИДЕО: Шок бомби и солзавец во Звечан, косовската полиција упадна во зградата на општината

Косовската полиција денеска фрли шок бомби и солзавец врз Србите кои го блокираа влезот во зградата на Општина Звечан. Во еден момент се слушнале истрели, а пристигнало и оклопно полициско возило за да ги пробие барикадите, пишува Косово онлајн. Како што пренесува порталот Косев, во Зубин Поток состојбата во моментов е мирна.
Во Зубин Поток, граѓаните се уште се собрани во центарот на градот, каде што се наоѓа зградата на полицијата и на општината. Таму се распоредени неколку возила на ЕУЛЕКС и КФОР.
Како што пренесува порталот Косово онлајн, околу пладне во северниот дел на Косовска Митровица се огласиле сирените за тревога, додека во Лепосавиќ нема сигнал за мобилни мрежи.
Србите од јужната покраина се собраа пред општината во Звечан, еден час по пладне, првичната ситуација беше мирна, но насобраните беа видно вознемирени кога се појавија припадници на „косовската“ полиција.
Врз насобраните луѓе, полицијата фрли солзавец пред зградата на општината за да ги разбрка демонстрантите.
Попладнево косовската полиција влегла во зградата на општината, употребувајќи шок бомби, солзавец, а во еден момент се слушнал и рафал од автоматско оружје.
View this post on Instagram