ВИДЕО: Шкендија поразена, Динамо Киев ја казни грешката на голманот Захов

фото: KF Shkëndija

Денеска нов контролен натпревар во Турција како подготовка за вториот дел од сезоната одигра Шкендија која претрпе минимален пораз од Динамо Киев со 0:1.

Единствениот погодок беше реализиран во 45 минута кога не реагираше најдобро голманот на тетовските „црвено-црни“ Костадин Захов, а тоа го казнија Украинците преку холандскиот интернационалец Џастин Лонвејк.

Стартниот состав на Шкендија: Захов, Максимов, Бејтулаи, Дита, Велија, Р. Рамадани, Чинари, Тотре, Хасани (капитен), Шала, Милев.

Победничкиот гол на Динамо Киев против Шкендија можете да го погледнете на видео записот ТУКА

Претходно играчите на Ќатип Османи тестираа и против бугарската ЦСКА 1948 (0:1) и словенечката Мура (1:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот