ВИДЕО: Шест голови на „Вила Парк“, во финишот избега победата на Ливерпул
Денеска во рамките од 37 коло во Премиер лигата на „Вила Парк“ фудбалерите на Астон Вила и Ливерпул ремизираа 3:3.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Гостите поведоа уште во втората минута со автоголот на домашниот голман Мартинез, но радоста на „црвените“ не траеше долго, бидејќи Тилеманс во 12 минута донесе израмнување по асистенцијата на Воткинс.
Во 23 минута тимот на Јирген Клоп повторно беше во позитива со погодокот на Гакпо, а на стартот од вториот дел за 3:1 се погрижи Куансах.
Домаќините успеаја да постигнат гол во 52 минута, но истиот на Воткинс беше поништен поради офсајд по ВАР снимката. Истото се случи и на спротивната страна во 59 минута кога беше поништен голот на Елиот.
Во самиот финиш успеаја домашните играчи да го избегнат поразот, најпрвин во 85 минута намали Дуран, а истиот фудбалер само 180 секунди подоцна го постави конечниот епилог.
На табелата Ливерпул е третопласиран со 79 бодови, додека Астон Вила е на четвртата позиција со 68. Во последното 38 коло Ливерпул на 19 мај ќе го пречека Вулверхемптон, додека Астон Вила истиот ден ќе му гостува на Кристал палас.


