ВИДЕО | Шарлот постигна 150 поени во победата над Јута џез
Кошаркарите на Шарлот хорнетс ја совладаа екипата на Јута џез на гостински терен со резултат 150:95 во натпревар од НБА лигата.
Препорачано
Шарлот ја забележа својата најубедлива победа во сезоната, што е втора со најголема разлика во историјата на клубот. Најголемиот триумф го запиша во сезоната 2017-18 кога со 61 кош разлика славеше над Мемфис гризлис.
Победничкиот тим на Хорнетс против „џезерите“ го предводеше Тре Ман со 20 поени за само 12 минути од клупата. Брендон Милер постигна 18 поени, Ламело Бол 17, додека Мајлс Бриџис и Колин Секстон реализираа по 15.
Брајс Сенсабо беше прв стрелец во редовите на Јута со 26 поени. Џез играше без својот водечки стрелец Лаури Марканен, кој одмараше, и без повредениот стартер центар Јусуф Нуркиќ.
НБА лига, резултати:
Индијана пејсерс – Мајами хит 123:99
Детроит пистонс – Лос Анџелес клиперс 92:98
Бостон селтикс – Сан Антонио спарс 95:100
Чикаго булс – Далас маверикс 125:107
Јута џез – Шарлот хорнетс 95:150
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
39мин
-
48мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


