ВИДЕО: Сензација во ФА купот, Руни елиминиран од шестолигаш!

Фото: twitter.com/StefWillo

Продолжуваат возбудувањата во најстарото фудбалско натпреварување на светот, третата рунда во ФА купот донесе неколку интересни резултати и со едно големо изненадување.

Клубот од шестата лига, Чорли таун успеа да го елиминира Дерби каунти (2:0) предводен од легендарниот Вејн Руни.

Треба само да се напомене дека гостите поради големиот број на заразени играчи од ковид-19 настапија со млади фудбалери и резервен состав.

Пласман во следната фаза досега обезбедија и екипите на Милвол, Евертон, Лутон, Норич и Нотингем.

Лидс на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски својот настап ќе го има в недела (14.30 часот) на гостувањето кај Крули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот