ВИДЕО: Сензација во Марибор, Мура славеше над Тотенхем

Словенечката Мура иако беше аутсајдер на крајот го урна големиот Тотенхем/Фото: twitter.com/nsmura_ms

Фудбалерите на словенечката Мура во Марибор го совладаа премиерлигашкиот гигант Тотенхем со 2:1 во петтото претпоследно коло од групата „Г“ во УЕФА Конференциската лига.

Иако Мура беше аутсајдер пред овој меч, без ниту еден освоен бод во првите четири кола, на крајот ги израдува своите навивачи со голема победа над англиската екипа.

После првото полувреме водеа домаќините со голот на Хорват од 11 минута, а проблемите за гостите се зголемија после вториот жолт картон на Сесењон во 32 минута.

И со играч помалку Тотенхем израмнија преку својата најголема ѕвезда Кејн (72`), а конечниот епилог го постави Мароса (90+2`).

Во вториот меч од групата Рен ремизираше (3:3) со Витесе. Моментно во групата води Рен со 11 бодови, пред Витесе и Тотенхем кои имаат по седум, а на последната четврта позиција ќе остане Мура (3).

Во последното шесто коло на 9 декември Рен ќе го пречека Тотенхем, а Витесе пред своите навивачи ќе игра со Мура.

УЕФА Конференциска лига, 5. коло, резултати –

Флора – Партизан 2:1
Алмати – Базел 2:3
ХЈК – Алашкерт 1:0
Линколн Ред Импс – ФК Копенхаген 0:4
Макаби Хаифа – Унион Берлин 0:1
Мура – Тотенхем 2:1
Карабах – Омонија 2:2
Рен – Витесе 3:3
Славија Прага – Феенорд 2:2
Слован Братислава – ПАОК 0:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот