ВИДЕО | „Се надевам дека има добра плата“: Телохранителот на Парис Хилтон трча по неа додека таа танцува

Фото: Принтскрин/ТикТок

Видеото на кое телохранителот на Парис Хилтон трча по неа додека таа танцува на фестивалот „Coachella“ стана вирално на ТикТок.

На снимката се чини дека телохранителот изгледа доста исцрпено додека трча по Парис, а таа потскокнува и танцува во проѕирен фустан.

„Начинот на кој телохранителот трча по Парис Хилтон на жештинава. Тоа е тренинг“, пишува на ТикТок.

@megcoss Cardi B’s bodyguard in the teacup vibes 😂 #parishilton #coachella #celebsatcoachella #parishiltonismymom ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show


Луѓето се шегуваа и пишуваа дека оваа сцена изгледа како татко да го брка своето дете по паркот.

„Од сега сакам да гледам само видеа со телохранители од славните личности. Се надевам дека имаат добра плата за сето тоа што треба да го направат“, гласеше еден од коментарите на социјалната мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот