Јон Фрчкоски, Фото СДСМ
Јон Фрчкоски, Фото СДСМ

ВИДЕО | СДСМ: Фирмата што го доби тендерот за Луна парк во Скопје, добила 93 тендери вредни 18,3 милиони евра

Членот на извршниот одбор на СДСМ Јон Фрчкоски на денешната прес-конференција објави како што рече „нов скандал“ за како што ја нарече „омилената фирма на власта“ Мастеф која добила 93 тендери со вкупна вредност од 18,3 милиони евра.

 

Шемата е добро позната и разработена. Ова е корупциски систем во кој едни исти фирми добиваат сè. На локално ниво. На централно ниво. Во институциите, општините, сите раководени од кадри на ВМРО-ОКГ. Така се испумпуваат парите на народот, бездушно. Денеска откриваме нов скандал. Нова омилена фирма на ВМРО-ОКГ. Фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ, блиска до власта, добила дури 93 тендери. Вкупната вредност? Над 18,3 милиони евра. Народни пари. Нема ситни пари кога е ВМРО-ОКГ во прашање. Најголеми суми се реализирани во Скопје, каде е и последниот тендер за Луна парк, истата фирма. Кога Орце ветуваше чистење на градот очигледно мислел на џебовите на граѓаните, бидејќи ѓубрето стои. Пари се чистат на големо. Државата тоне во долгови. Граѓаните едвај преживуваат. Скопје е во хаос. А власта дели милиони на омилените фирми. 93 тендери. Замислете која огромна бројка е тоа. Колку само време е потребно да се спремат 93 тендери, само за една фирма. Ете затоа во Македонија нема реформи, нема европско обвинителство, нема ЕУ, рече тој.

Според него, криминалот и корупцијата е најголемата закана за Македонија.

Колку повеќе сме далеку од Европа, толку повеќе простор има за местење тендери, за богатење на блиски фирми и за организиран грабеж на државата. Прашањето е: До кога Јавното обвинителство ќе молчи? Или чека обвинителот насоки по телефон од премиерот Мицкоски? Колку скандали треба да објави АКТ на СДСМ за конечно институциите да почнат да работат? СДСМ нема да молчи. Ќе продолжиме да ги разобличуваме сите криминални шеми на ВМРО-ОКГ. Секој тендер. Секоја фирма. Секој милион народни пари. Доаѓа време на одговорност, правда и вистина, рече Фрчкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот