Фото: Southampton FC

ВИДЕО | Саутемптон приреди сензација и го елиминираше Арсенал за полуфинале во ФА купот

Саутемптон приреди вистинска сензација во ФА Купот, елиминирајќи го фаворизираниот Арсенал со триумф од 2-1.

Домаќините влегоа поенергично во мечот и рано ја наметнаа својата игра, што резултираше со водство во првиот дел. Рос Стјуарт ја искористи грешката во одбраната на „топџиите“ и донесе предност од 1-0.

Во второто полувреме, Арсенал заигра поагресивно и почна да создава шанси. Тренерот Микел Артета освежи со неколку измени, а една од нив веднаш вроди со плод, Виктор Ѓокереш во 68. минута погоди за 1-1 и ја врати неизвесноста.

Кога веќе се насетуваа продолженија, Саутемптон го зададе решавачкиот удар. Во самиот финиш, Шеа Чарлс постигна гол вреден победа од 2-1 и пласман во полуфиналето, предизвикувајќи ерупција од воодушевување на трибините.

Претходно денеска место во полуфиналето обезбедија Челси кој со 7-0 го совлада Порт Вејл, додека Манчестер сити со 4-0 беше подобар од Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот