ВИДЕО | Сарачини: Луѓето почнаа да ги избегнуваат и медиумите оти содржините им се вознемирувачки и конфронтирачки

Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и анализи за Утрински брифинг
Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и анализи / Утрински брифинг

Внатрешнополитичките рефлексии водат во насока на зголемување на говорот на омраза и тоа не само на социјалните медиуми.

-Ситуацијата станува сѐ потешка, повознемирувачка и позагрижувачка. Постои култура на неказнивост на говорот на омраза. Пред неколку дена имаше дезинформација дека сега допрва ќе почнел да се казнува говорот на омраза на социјалните мрежи. Тоа не е точноо затоа што говор на омраза преку компјутерски системи е кривично дело одамна, но огромен дел од овој говор на омраза досега не бил казнуван со ретки исклучоци. Тоа не е работа што останува во виртуелниот свет, говорот на омраза се пренесува во реалниот свет, вели Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и анализи за Утрински брифинг.

Тој додава дека онаму каде што има функционални системи говорот на омраза се казнува. Правдата треба постојано и конзистентно да се спроведува. Едно истражување на Ројтерс вели дека публиката бега од официјалните медиуми. Причината за тоа е што инфомациите што ги читаат ги вознемируваат и ги водат понатаму во конфронтација со другите луѓе, објаснува Сарачини и додава дека и медиумите треба да внимаваат на својот израз и објави.

-Има и многу држави во западниот свет и на Балканот, а особено тука каде различни етнички заедници се конфронтираат и меѓусебно се осудуваат, вели Сарачини.

Според Сарачини, јадрото што создава такви содржини се неколку илјади и тие се поврзани со партиите и имаат за цел да создаваат лажна слика и конфронтација. Потоа нивните содржини на социјалните мрежи се преобјавуваат од одредени портали, па повторно се враќаат како споделувања на социјалните мрежи, го објаснува Сарачини системот на ширење на говор на омраза.

-Пропагандата која е поврзана со големите светски случувања исто така навлегува преку социјалните медиуми и има влијание и поттикнува говор на омраза. Оваа пропаганда успева да влијае на перцепцијата на граѓаните. На граѓаните им е многу тешко да ја најдат вистината во тоа море од информации. Сега е дојдено време на заситување, а граѓаните ќе почнат да ги бараат медиумите кои работат професионално, вели Сарачини.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот