ВИДЕО | Само бод за Барселона против Валенсија

Фото: Fc Barcelona

„Каталонците“ продолжуваат со лошата форма, на трет натпревар по ред немаат победа откако вечерва не успеаада слават на мечот против Валенсија кој заврши со реми 1:1.

Избраниците на Чави креираа доволно шанси за со цел плен да си заминат од „Местаља“, но лошата реализација одново беше проблем.

Барселона поведе по десетина минути игра во второто полувреме, Жоао Феликс постигна лесен гол на асистенција на Рафиња за 0-1, но домаќините се вратија во игра во 70. минута, кога Гиљамон прекрасно погоди во аголот од врвот на шеснаесетникот за 1-1.

Рафиња потоа имаше две можности да ја врати Барса во водство, но не успеа да реализира изгледни прилики и гостите испуштија два бода.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот