ВИДЕО: Руд го загуби првиот сет со 6:1, па направи пресврт во Торино
Норвешкиот тенисер Каспер Руд запиша победа во второто коло на Завршниот турнир во Торино, Италија иако имаше негатива.
Препорачано
Руд после пресврт во рамките од второто коло во „зелената група“ триумфираше над Камерон Нори после еден час и 53 минути игра.
Потсетување дека Нори дојде како замена за Стефанос Циципас кој се повлече од турнирот поради повреда.
Иако Нори го освои првиот сет со убедливи 6:1, неговиот противник направи пресврт освојувајќи ги следните два сета со 6:3 и 6:4.
Beautiful to watch ?
?? @CasperRuud98 is the first Norwegian man to win a match at the #NittoATPFinals ? pic.twitter.com/Tha3nd6piD
— ATP Tour (@atptour) November 17, 2021
Нори во првиот сет направи два брејка и така убедлив го освои тој дел од играта, но Руд во следните два со по еден одземен сервис успеа да дојде до победата.
Руд во последното коло од групната фаза ќе ги одмери силите против Андреј Рубљов за пласман во полуфиналето каде што е веќе Новак Ѓоковиќ кој славеше во второто коло над Русинот. Моментно на табелата во оваа група води Ѓоковиќ со два поени, пред Рубљов и Руд кои имаат по еден.


