ВИДЕО: Роналдо повторно беше лут, остана без уште еден трофеј во Саудиска Арабија

фото: EPA-EFE/STR

Кристијано Роналдо постигнува голови за Ал Наср, но нема среќа кога се во прашање трофеите.

Од доаѓањето на Португалецот во Ал Наср, екипата е поразена во Суперкупот на Ријад, Суперкупот на Саудиска Арабија, ја загуби и првата позиција во првенството, додека сега испадна и од националниот Куп.

Триумфираше составот на Ал Вехда со резултат 1:0, а на тимот на Роналдо не помогна ни фактот што имаше играч повеќе во второто полувреме.

По завршувањето на првото полувреме Португалецот беше крајно лут кон својата клупа.

Единствена шанса на Роналдо за титула му е домашното првенство, каде неговиот клуб заостанува три бода зад првопласираниот Ал Итихад и има меч повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот