ВИДЕО | Романка ја продала својата невиност за два милиони долари: Девојката има 18 години, а била „инспирирана“ од филмот „Indecent Proposal“

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Девојка од Романија се најде во центарот на вниманието откако објавила дека ја продава својата невиност за милион долари.

Александра Кефрен, 18-годишна девојка од Романија, не чекала долго по првата понуда од анонимен бизнисмен кој и понуди над два милиони долари.

Младата Романка е клиент на „Cinderella Escorts“, најпопуларната агенција за придружба во светот.

Атрактивната 18 – годишна девојка во една емисија изјавила дека била инспирирана од филмот „Indecent Proposal“ во кој главната улога ја толкува девојка која ја продава својата невиност за милион долари.

Бизнисмен од Хонг Конг ќе плати 2,5 милиони долари за да помине една ноќ со Александра, а агенцијата ќе присвои околу 500 илјади долари од тоа.

Родителите на девојчето го изразиле своето незадоволство по нејзината одлука.

Александра вели дека парите ќе ги инвестира во студии на престижен светски универзитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот