ВИДЕО: Рома имаше дури 46 удари кон противничкиот гол и не успеа да победи

Римската „волчица“ собира бодови за излез на европската фудбалска сцена/Рим, Италија/14 мај 2022/Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Рома во рамките од 37 коло во најсилното италијанско првенство на домашен терен ремизираше 1:1 со Венеција која од следната сезона ќе игра во Серија Б.

Гостите од Венеција, кои ги загубија сите шанси да останат во лигата, поведоа на отворањето на натпреварот кога Окереке со глава ја упати топката во мрежата на Рома во првата минута, поточно во 47 секунда на натпреварот.

И покрај големиот притисок до крајот на мечот и играч повеќе од 33 минути кога Кијине кај гости беше исклучен, Рома до крајот успеа само да израмни со голот на Шомуродов (76).

Римскиот клуб на кој му требаше бодови во борбата за место во групите на Лига Европа следната сезона упати неверојатни 46 удари кон противничкиот гол.

Шестата Рома сега има 60 бода, два помалку од петтиот Лацио и еден повеќе од седмата Аталанта и осмата Фиорентина, но сите три имаат по еден меч помалку.

Венеција е последна со 26 бодови, а во последните две кола борба за опстанок ќе водат екипите на Џенова, Каљари, Салернитана и Сампдорија.

Во саботата се одиграа уште три меча, Емполи – Салернитана 1:1, Верона – Торино 0:1, а Удинезе на македонскиот напаѓач Илија Несторовски загуби дома од Специја со 2:3. Нашиот играч настапи од 53 минута како замена за Пусето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот