Стефан Ристовски/GNK Dinamo Zagreb

ВИДЕО | Ристовски имал договорен трансфер во Атина, но тогаш му се јавил Мамиќ: Каков АЕК, доаѓај кај нас…

Македонскиот десен бек Стефан Ристовски (34) од летово го носи дресот на Сараево, каде што пристигна по четири исклучително успешни сезони во Динамо Загреб.

За време на престојот во Загреб, Ристовски освои пет шампионски титули и четири трофеи во Купот, а во разговор за „Vijesti.ba“ се потсети на трансферот од Спортинг Лисабон, кој, како што вели, бил реализиран по иницијатива на тогашниот прв човек на клубот, Здравко Мамиќ.

„Господинот Здравко го договори трансферот. Бев во Спортинг, ситуацијата се искомплицира и морав да барам решение, иако имав уште две години договор. Со менаџерот решивме да бараме трансфер, а не позајмица, но никој не сакаше да плати. Останав уште шест месеци, но бев надвор од тимот, само тренирав и играв за репрезентацијата.

Кога дојде зимскиот преоден рок, три дена пред крајот му дадов збор на АЕК од Атина дека ќе дојдам на позајмица. Не знам како Мамиќ дозна, но ме побара и ме праша дали сакам во Динамо. Му одговорив, секако. Веднаш ми кажа да дојдам со првиот авион, но му одговорив дека веќе сум му дал збор на АЕК. Тој само рече: ‘Каков АЕК, знаеш ли што сме ние за нив…’ И за 24 часа трансферот беше завршен“, раскажа Ристовски.

Искусниот дефанзивец летово како слободен играч се пресели во Сараево, клуб кој вложи сериозни средства со амбиција да ја освои титулата. Досега одигра 30 натпревари во сите конкуренции и постигна три гола, додека тимот моментално се наоѓа на третото место со 25 бода заостанување зад лидерот Борац Бања Лука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот