ВИДЕО | Ријана провоцира во новото видео: Легна на кревет во секси долна облека и доби масажа на задникот
Како дел од рекламата за нов производ на нејзиниот бренд „Фенти бјути“, Ријана позираше на кревет во долна облека и го привлече вниманието на многу следбеници на социјалните мрежи.
Препорачано
Во провокативното видео кое таа го сподели на социјалните мрежи, Ријана се соблече во розова долна облека од тантела, откривајќи го својот задник. Додека таа лежи на креветот нечија рака нежно ја масира на задникот и нанесува нов крем на нејзината кожа.
„Вака функционира маркетингот“; „Најдобрата работа на светот. Како да аплицирам?“; „Мислам дека ова е мојата работа од соништата“, „Најубавата жена досега“, се дел од коментарите под видеото.
Мајката на две деца беше прогласена за најпродавана ѕвезда на 21 век од Гинисовата книга на рекорди и е најбогатата жена музичар со проценета нето вредност од 1,4 милијарди долари заклучно со оваа година.
Во последните години таа ја запостави својата музичка страна и целата своја енергија ја насочи во претприемништвото. Без разлика колку добро ѝ оди продажбата на производите за убавина, многу од обожавателите на Ријана се жалат дека сè уште го чекаат нејзиниот нов албум.
View this post on Instagram


