ВИДЕО: Репрезентативецот Костески во Топ 5 голови на Лига Европа!

Ненад Костески/Фото: РК Еурофарм Пелистер

Ненад Костески одигра уште една одлична партија во дресот на Еурофарм Пелистер и беше меѓу најзаслужните за големата победа над данскиот вицешампион ГОГ Гудме во рамките од Европската лига.

20-годишното десно крило на мечот во Битола реализира пет гола, од кои два беа супер-атрактивни, а еден од нив се најде во изборот на ЕХФ за најдобар гол за ова коло.

Во овој избор покрај македонскиот репрезентативец, се наоѓаат уште Дино Хамидовиќ (Тримо Требње), Иван Вида (Нексе), Давид Брандфелнер (Фиверс) и Реми Десбоне (Ним).

Да додадеме и дека голманот на Металург, Даниел Ѓорѓески се најде во Топ 5 одбрани на колото во ова натпреварување.

Неговата интервенција е од натпреварот одигран во Полска против Висла Плоцк. Во овој избор се наоѓаат уште Игор Чуприна (Татран Прешов), Густав Скагерлинг (Алингсас), Борис Таниќ (Фиверс) и Кристијан Пилиповиќ (Кадетен Шафхаузен).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот