ВИДЕО: Реми на Наполи и Интер по мерка на Милан

Наполи и Интер ги поделија бодовите во дербито/фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Актуелниот шампион во Серија А Интер одигра 1:1 на гостувањето кај Наполи во една од двете дерби пресметки во 25 коло.

По поразот од Милан во претходното коло (2:1), „неразурите“ сега играа со уште еден конкурент за титулата и овој пат успеаја да останат непоразени и да го задржат првото место на табелата најмалку до утре кога „росонерите“ играат против Сампдорија.

Наполи многу подобро го отвори натпреварот на стадионот „Диего Марадона“ и поведе уште во седмата минута по голот на Лоренцо Инсиње одпенал.
Наполи до крајот на првиот дел можеше да ја зголеми предноста бидејќи Пјотр Зиелински ја погоди стативата, а Виктор Осимен шутираше покрај голот.

Казната за промашувањата на Наполи, стигна на самиот старт од вториот дел кога Интер во првата акција успеа да дојде до израмнување со голот на Един Џеко.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра 26 минута на местото на Марко Политано кој се повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот