ВИДЕО | Рецепт за печурки полнети со крем-сирење и ореви

Фото: Wikimedia Commons

Кога ви треба брзо, а вкусно јадење, полнетите печурки се вистинското решение. Можете да ги наполните со разни филови, а наш предлог е овој со крем-сирење, пармезан и ореви. Полнетите печурки се многу едноставни, а состојките генерално не се скапи. Може да се јадат за појадок, ручек, вечера или како празнично предјадење. Уживајте!

Состојки:

– 20 печурки
– 2 лажици путер
– 2 чешниња лук
– 1/2 кромид
– 1/2 лажичка сол
– 1/4 лажичка бибер
– 110 грама крем-сирење
– 1/3 чаша пармезан
– 1/3 чаша сечкани ореви
– 1/4 чаша ситно сечкан свеж магдонос

Подготовка:

Една лажица пармезан и една лажица ореви оставете настрана. Исчистете ги печурките и отстранете ги петелките. Петелките ситно исечкајте ги, па пропржете ги во тавче во кое сте го растопиле путерот. Потоа додадете мелено лукче, сол и бибер, па оставете уште неколку минути. Тргнете ги од ринглата.

Во друг сад измешајте ги крем-сирењето, пармезанот, сечканиот магдонос и оревите. Добро соединете, па наполнете ги печурките и наредете ги во намрсена тава. Посипете со сечкани ореви и пармезан, па печете во загреана рерна на 200 степен околу 20-25 минути. Готовите печурки украсете ги со магдонос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот