ВИДЕО | Рецепт за мусака со компири и шунка, се пече побрзо од класичната

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Мусака е магична избалансирана комбинација на месо, модар патлиџан, компири, млеко, јајца… Мусаката е чест оброк на трпезата, бидејќи е едноставна и на сите им успева.

Меѓутоа, сега можете да направите уште полесна варијанта на мусаката, а и уште повеќе да го скратите времето за готвење, бидејќи не мора да го пржите меленото месо, туку наместо тоа, можете да додадете шунка.

На трпезата ќе имате лесен и брз ручек кој ќе го израдува целото семејство. Мусаката послужете ја со салата по желба.

Состојки:

– 1 килограм компири
– 2 главици кромид
– 120 грама шунка
– 3 лажици пармезан
– 3-4 лажици брашно
– 150 милилитри павлака за готвење
– презла (трошки од леб)

Подготовка:

Исечете ги компирите на мали кругчиња, а потоа посолете. Кромидот исечкајте го на коцки, па пропржете го.
Во компирите додадете ги пармезанот, сечканата шунка, пржениот кромид, павлаката за готвење, брашното и убаво измешајте.
Намачкајте го плехот со масло и посипете го со презла.
Сипете ја смесата и добро измазнете ја. Мусаката печете ја на 180 степени околу 50 минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот