Рецепт за гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Аспарагус во лиснато тесто

Фото: Дијана Иваноска

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

– Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната – ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно уникатно гастрономско уживање – аспарагус во лиснато тесто.

– Ако не сте ја пробале комбинацијава најтопло ви препорачувам да ја пробате. Многу вкусно и елегантно предјадење или појадок. Се подготвува ептен брзо и лесно, а се добива превкусно мезе – порачува Дијана.

Состојки:

– 1 пакување лиснато тесто
– аспарагус китка (околу 20 парчиња)
– пршута (18-20 парчиња)
– 100 грама кашкавал (рендан)
– 1 лажица маслиново масло
– 1 јајце
– 1 лажица млеко
– сол
– бибер

Фото: Дијана Иваноска

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.

Исечете го тврдиот дел од аспарагусот.

Ставете го маслиновото масло врз аспарагусот и измешајте го да се обложи со маслото. Додадете зачин по желба, јас ставив малку провансалска мешавина.

Развлечете го одмрзнатото лиснато тесто на набрашнета површина, да биде малку поголемо од првичната димензија.

Исечете го на квадрати.

На секој квадрат ставете парче пршута, малку рендан кашкавал и три парчиња аспарагус.

Преклопете ги спротивните краеви на квадратот и префрлете го на тава обложена со хартија за печење.

Премачкајте со мешавина од јајце изматено со лажица млеко.

Наросете црн пипер.

Печете додека добијат поруменат убаво.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот