ВИДЕО | Реал славеше над Севиља, Хесус Навас го одигра последниот меч во кариерата
Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Севиља со 4:2 во натпреварот од 19. коло во Ла Лига. Актуелниот шампион на Шпанија и Европа ја забележа 12. победа во шпанскиот шампионат и дојде на бод од лидерот Атлетико.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Реал поведе во 10 минута со одличниот гол на Килијан Мбапе, а 10 минути подоцна Валверде го зголеми водството на „кралевите“. Мадриѓаните не застанаа тука и го постигнаа третиот гол преку Родриго во 34 минута. Само една минута подоцна Ромеро намали на 3:1.
Во продолжение видовме уште по еден гол на двете страни. На 4:1 зголеми Брахим Дијаз во 53. минута, а Лукебакио реализираше во 85. минута. Со овој пораз Севиља остана на 12. место со 22 освоени бода.
Во Мадрид во центарот на вниманието беше Хесус Навас кој го одигра последниот натпревар во кариерата. Пред почетокот на натпреварот фудбалерите на двата тима му аплаудираа на играчот, кој освен во Севиља, дел од кариерата ја помина и во Манчестер сити.
Навас со Севиља освои два трофеи во Копа дел Реј и еден во шпанскиот Суперкуп. Четири пати доаѓаше до пехарот во Лига Европа и еднаш во Суперкупот на Европа.
Навас со Манчестер сити се закити со една титула во Премиер лигата и две во Лига купот, додека во дресот на шпанската репрезентација ги освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 и 2024 година.


