ВИДЕО: Рама ја објави првата епизода на својот поткаст „Фласим“

Поткаст на Еди Рама/Фото: Скриншот

Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук ја објави првата епизода од поткастот „Фласим“ (Разговараме). Шефот на албанската влада во првата емисија на разговор ги покани седумте спортски шампиони во Албанија: Луиза Гега, Брикен Чаља, Ерланд Ќеримај, Албан Беќири, Мајалинда Келементи, Дистриа Красниќи и Нора Ѓакова, кои пред два дена добија и чин полковник.

„Тоа беше еден од многуте тешки товари на заборавените проблеми и страдања на шампионите кои блескаа, а потоа заборавени.. и по напуштањето на активноста се враќаа кај обичните луѓе, дури и по симнувањето од врвот на Олимп, запаѓаа во неприфатливи ситуации на сиромаштија“, рече Рама.

Спортистите признаа тешки моменти од кариерата, но и покрај нив не се откажаа додека не ги постигнаа своите цели. Во текот на разговорот имало и шеги меѓу премиерот и спортистите.

-Не само премиерот, туку и Сали Бериша планира да започне поткаст кој ќе им претстави нов комуникациски формат за да допрат до нивниот електорат за време на кампањата, избегнувајќи го посредничкиот филтер на традиционалните медиуми. Иако од медиумските експерти на тоа се гледа со скептицизам, тие велат дека премиерот никогаш не може да ја преземе улогата на новинар, но, Рама изрази подготвеност да ги покани политичките противници во својот поткаст.

Исто така, Бериша изрази подготвеност да се соочи со политичкиот противник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот