ВИДЕО | Путин: Тестиравме оружје помоќно од „сармат“
Подморницата „Посејдон“ е опремена со нуклеарен мотор и ова е голем успех, рече рускиот претседател Владимир Путин на собир во руска воена база.
Препорачано
„Ракетната моќ на „Посејдон“ значително ја надминува ракетната моќ на нашата најперспективна интерконтинентална ракета, „сармат“, рече Путин.
Според него, во однос на брзината и далечината, нема аналог на „Посејдон“ во светот, малку е веројатно дека ќе се појави, а неговото пресретнување е невозможно.
-Нема друга ракета како „сармат“ во светот. Сè уште не е влезена во борбена должност, но наскоро ќе биде – рече претседателот.
Русија може да биде горда на успесите на своите научници и експерти, заклучи шефот на руската држава.
Путин за „Буревестник“
„Буревесник“ има несомнени предности и Русија може да биде горда на достигнувањата на своите научници и експерти. Единицата за нуклеарен погон на „Буревестник“, со моќност споредлива со реакторот на нуклеарна подморница, е илјада пати помала, наведува Политика.
Нуклеарниот реактор инсталиран во „Буревестник“ се вклучува во рок од неколку минути, па дури и секунди. Како што наведува медиумот нуклеарните технологии што беа применети во „Буревестник“ ќе се користат за лунарната програма.
Дополнително електрониката што се користи во „Буревестник“ веќе се користи во вселенските програми, објави Спутник. Русија ќе може да ги примени нуклеарните технологии развиени за „Буревестник“ за цивилни цели.


