Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | „Пуси рајот“ објави ново контроверзно видео, последната сцена ќе го збесни Путин

Членките на руската група „Пуси рајот“ објавија ново видео „Мамо, не гледај телевизија“. Учесниците, оваа песна ја нарекуваат своја изјава против војната во Украина. Половина од видеото се состои од документарни снимки од војната и нејзините последици: експлозии во Киев, Харков, Мариупол, Кременчуг, Дњепар.

Марија Аљохина, Олга Борисова и Дијана Буркот за порталот „Медуза“ раскажале дека сите материјали сами ги собрале, а кадрите не биле избрани случајно.

„Сакаме луѓето ширум светот да не го свртуваат погледот од овие снимки и да се сетат на злосторствата што Путин и неговата војска ги прават веќе 10 месеци. Сакаме да ја зборуваме вистината. Сакаме да викаме што е можно погласно за оваа војна. Мора да ja запреме“, рекле тие.

Спотот исто така содржи снимки од антивоени протести во Русија, вклучително и снимки од запалени воени канцеларии и феминистички митинг на отпорот против војната, како и крстови во спомен на загинатите жители на Мариупол. Сцените во кафулето ги снимиле во Париз, Таисија Кругових и Василиј Богатов, кои ги документираа „Пуси рајот“ од основањето на групата во 2011 година. На видеото се прикажани и антивоени графити што членовите на бендот ги напишале за време на европската турнеја, ноќта по концертите. Во Швајцарија дури и беа приведени поради ова.

Особено впечатлива е последната снимка во која една од членките на „Пуси рајот“ уринира врз портретот на Владимир Путин.

Контроверзното видео можете да го погледнете ТУКА.

Бендот е на турнеја низ Европа со шоуто Riot Days, откако Путин на 24 февруари започна воена инвазија на Украина.

Турнејата собира пари за Украина, како и за детската болница Окматдит во Киев.

Вероника Никулшина, членка на револуционерниот колектив „Пуси Рајот“ ја напуштила Русија

Филмско бегство на членка на „Пуси рајот“ од Русија: Се маскирала во доставувач на храна

ФОТО | Ако ја екстрадираат, ќе ја убијат: Пријателка на „Пуси рајот“ уапсена во Словенија, па во Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот