Вероника Никулшина, членка на револуционерниот колектив „Пуси Рајот“ ја напуштила Русија

пуси рајот pussy riot путин
ФОТО: Epa-efe

Вероника Никулшина, член на перформанс-уметничкиот колектив „Пуси Рајот“, ја напуштила Русија откако била ослободена од притвор по второ апсење за помалку од еден месец, пренесува „RadioFreeEurope/Radio Liberty“.

Никулшина за телевизијата „Дожд“ изјавила дека заминала поради постојаниот „прогон“ на државата кон членовите на „Пуси Рајот“ и нејзините повеќекратни апсења поради непочитување на полицајците. Таа ја напуштила Русија веднаш по нејзиното ослободување од затвор на 17 јули, додавајќи дека верува оти нејзиниот автомобил бил следен до аеродромот. Вероника рекла дека не емигрирала и е со план да се врати во Русија, можеби по законодавните избори во земјата во септември.

Никулшина била осудена на 15 дена притвор на 3 јули за непочитување на полицаец. Таа била ослободена од притвор по друга казна од 15 дена на 2 јули.

„Пуси Рајот“ се здоби со слава во 2012 година кога пет члена на групата влетале во катедралата Христос Спасителот во Москва во знак на протест против врските меѓу Руската православна црква и тогашниот премиер Владимир Путин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alfonso Carbone (@carbone2914)

Нивниот протест кој бил изведбата на песна опишана како „панк молитва“, се одржал додека Путин водел кампања за негово враќање на претседателската функција. Членовите на Пуси Риот, Марија Аљохина и Надежда Толоконикова биле уапсени под обвинение за „хулиганство мотивирано од верска омраза“ и осудени на две години во казнена колонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот