ФОТО | Ако ја екстрадираат, ќе ја убијат: Пријателка на „Пуси рајот“ уапсена во Словенија, па во Хрватска
Руската активистка и пријателка на рускиот панк колектив „Пуси рајот“, Ајсолтан Нијазова, пред неколку дена беше уапсена од полицијата во Словенија, а сега се наоѓа во затвор во Хрватска и чека што ќе биде со нејзината судбина. Бендот во понеделникот настапи во Музејот на современа уметност во Загреб, пишува „24сата.хр“.
Препорачано
Интерпол по Нијазова распишал потерница заради наводната „кражба на векот“ од 2002 година, поточно проневера на дури 20 милиони долари кои припаѓаат на Централната банка на Туркменистан. Нејзиното презиме е поврзано со презимето на поранешниот туркменистански претседател Сапармурат Нијазов.
„На фотографијата е нашата пријателка Аја Нијазова, руска активистка по потекло од Туркменистан. Нејзината приказна заслужува филм, но засега пишувам објава за тоа. Туркменистан е една од најлошите диктатури во светот. Таму убиваат опозиционери, но вие не слушате за тоа, нема интернет, сега не можете да го напуштите Туркменистан. Но, тогаш, во 2000-тите, по следниот бран чистки во земјата, многу опозиционери беа затворени и убиени, а меѓу нив беше и таткото на Аја“, пишува Олга Борисова, членка на „Пуси рајот“ на Фејсбук.

Како што дознава хрватски „Вечерњи лист“ во разговор со членовите на „Пуси рајот“, нејзиниот татко бил член на опозицијата и бил уапсен во бранот со илјадници наводни заговорници во обид да извршат атентат врз тогашниот диктатор Сапармурат, по што тој починал или бил убиен, во затворот.
Олга Борисова објаснила дека Нијазова и нејзините побегнале во Швајцарија, од каде што не можела да биде екстрадирана во Туркменистан.
„Неколку релативно мирни години. Ако животот во постојан страв воопшто може да се нарече мирен“, наведува Олга.
„Стана познато дека во Туркменистан е покренат случај за „кражба на векот“, наводна кражба од централната банка на Туркменистан. Во која, се разбира, никогаш не работеле ниту Аја ниту нејзиниот татко. Во овој случај, многу луѓе беа уапсени без никакви докази, непријатели на Нијазов и членови на нивните семејства (иронично, Аја го има истото презиме)“, објаснила Олга.
Во Швајцарија престојувала до 2011 година. На барање на туркменските власти, Русија издала потерница по неа.
– Туркменистан поднесе барање до Интерпол во 2002 година. Но, од Швајцарија немаат право да ги екстрадираат во Туркменистан, ова е диктатура, има мачења и убиства. Потоа претседателот одлета во Русија и се договори со Путин и Лавров за екстрадиција на Аја во Русија. Во Русија тоа е можно. Дојдоа по Аја во Женева. 8 месеци затвор, се чека екстрадиција – објаснува членката на рускиот панк бенд.
Таа ја отслужила затворската казна, а таму ја запознала и Маша Аљохина, исто така, членка на групата „Пуси рајот“, која била во затвор поради настапот во Катедралата на Христос Спасителот во Москва. Нијазова подоцна добила пасош, пишува Олга Борисова на Фејсбук и со бендот отишла на турнеи низ светот. Во Словенија почнале проблемите, но обвинителот и судијата на крајот се извиниле за недоразбирањето.
View this post on Instagram
– Аја се придружува на нашата турнеја. Во Австрија, Литванија, Исланд, Германија, Белгија нема прашања за неа, имаше многу летови и проверки. Пристигнуваме во Словенија и полицијата агресивно ја извлекува од хотелската соба, повикувајќи се на потерницата на Интерпол од 2002 година. Седум часа во полиција зборуваат за можна екстрадиција во Туркменистан (каде, се разбира, ќе ја убијат). Потоа суд, но судот сфати, судијата пребара на Гугл „кражба на векот“ и се извинува за монструозното недоразбирање, донесува одлука со која ја објаснува грешката на системот – наведува членката на рускиот бенд Олга Борисова.
Поради Денот на државноста, судовите не заседаваа, а на хрватската граница, тврди Олга, Нијазова повторно била приведена и во вторник повторно изведена на суд.
Поради Денот на државноста, судовите не заседавале, а на хрватската граница, тврди Олга, Нијазова повторно била приведена и во вторникот повторно изведена на суд, каде што не ѝ биле обезбедени ни преведувач, ни адвокат. Таа останала во затвор.
„Три дена подоцна, доцна во ноќта, влегуваме на хрватската граница. „Ајсолтан Нијазова? Ве молам излезете од автомобилот“. Аја повторно беше прилично грубо приведена, а попладне – суд. Но, во ова судење, каде што не ѝ е обезбеден ниту преведувач, ниту адвокат, таа останува во затворот. Аја се јавува и плаче, бара да се пренесе топла облека, тие одбиваат да го прифатат трансферот, вчера беше Денот на независноста“, објаснила таа.
View this post on Instagram
Како што неофицијално дознава „Вечерњи лист“, на Нијазова ѝ е одреден екстрадиционен притвор, што значи дека ѝ се заканува депортација во Туркменистан.
Од МВР за „Вечерњи“ велат дека хрватската полиција постапувала исто како и словенечката полиција, но реакцијата на правосудството била поинаква.
– Потерницата на Интерпол не може да се игнорира и двете полиции постапија истото. Членката на „Пуси рајот“ е изведена пред надлежен судија. Во Словенија судењето траеше многу кратко и тамошниот судија веднаш донесе пресуда да ја ослободи. Постапката е иста и во Хрватска – велат од МВР, но тука судијата во Жупанискиот суд во Загреб одлучил поинаку и одредил екстрадиционен притвор. Сега е во тек постапката која има свои фази, а уапсената членка на „Пуси рајот“ има право на жалба.
Олга навела дека во моментот се во контакт со адвокатат и чекаат жалба, а во се ги вклучиле медиумите и активистите за човекови права.
„Многу сме загрижени за Аја. Нејзиниот татко Нијазов одамна е во гроб, но туркменското сениште на репресија ја прогонува Аја и по шест години затвор залудно. Смрт за диктатурите“, напишала Олга Борисова на Фејсбук.
Ако можете некако да ни помогнете, да пишувате во овој случај или да ги контактирате активистите за човекови права (секако, тоа го правиме сами), пишете ми“, напишала на крајот Борисова.
View this post on Instagram
Вероника Никулшина, членка на револуционерниот колектив „Пуси Рајот“ ја напуштила Русија
Вероника Никулшина, членка на револуционерниот колектив „Пуси Рајот“ ја напуштила Русија


