Брижит Макрон / Фото: Скриншот/ТикТок

ВИДЕО | Првата дама на Франција како диџеј: Брижит Макрон танцуваше и миксаше за децата во Дизниленд

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, повторно се вклучи во хуманитарна акција и тоа на доста необичен начин. Во рамки на долгогодишната кампања „Жолти монети“ (Pièces Jaunes), која собира средства за деца на болничко лекување, таа накратко ја презеде улогата на диџеј на настан во Дизниленд близу Париз.

@loulou.hrdd Brigitte Macron et Didier Deschamps à @Disneyland Paris ✨ pour les Pièces Jaunes !! #brigittemacron #deschamps #piecesjaunes #macron #disneylandparis ♬ Event Horizon (STEM percussion) – Altitude Music / BMGPM


Настанот се одржа во Дизниленд, а на Брижит Макрон ѝ се придружи и селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидије Дешамп. Присуствуваа околу 300 деца, кои во опуштена атмосфера имаа можност да се запознаат и дружат со познатите гости.

Во еден момент, на изненадување на сите, Брижит Макрон застана зад диџеј-пултот и ги подигна сите на нозе, пуштајќи ја песната „Forever Young“ од групата „Алфавил“. Снимките од нејзиниот танц и добро расположение брзо се проширија по социјалните мрежи, а публиката ја следеше со големо воодушевување.

Кампањата „Жолти монети“ ќе трае до 7 февруари, а собраните средства ќе се искористат за подобрување на условите и квалитетот на животот на хоспитализираните деца и тинејџери.

Емануел Макрон јавно откри зошто тој и Брижит никогаш немале деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот