ВИДЕО | Проф. Методи Хаџи Јанев: Русија има капацитет да се спротивстави на нафтените санкции, прашање е кој ќе настрада

Методи Хаџи Јанев – професор / Фото: Слободен печат

Генерално малите и не развиени земји оние кои што мака мачат да се приклучат кон светските трендови и сојузи, страдаат од вакви случаи каде се прекршуваат копјата со нафтените санкции на големите сили. Генерално се уште е рано да се зборува што ќе бидат реперкусиите од овој западен договор за дополнително ембарго кон руската нафта, но Русија очигледно има капацитет да се спротивставува на овие удари, вели универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев во денешното гостување во емисијата „Утрински печат“.

Според Хаџи-Јанев Русија на неколку пати досега успеала да ги побие западните прогнози дека таа ќе клекне на колена по серијата економски ембарга кон неа.

– Многу е важно кога и како ги применувате таквите инструменти за моќ. Најпрво треба да се видат амбиентите или рамката дали таа пред се е применлива. Тоа значи дека проблемот со Русија е тоа што таа има капацитет да му се спротистави на амбиентот но и капацитетот кои се прават со ембаргата и санкциите кон неа. Утврдувањето на англосаксонската цена за нафтата сепак ја погодува Русија но тоа нема да ја оневозможи до крај Москва да не си ја исполни својата геостратешка цел во Украина но и на глобалната карта – посочува проф. Хаџи Јанев.

Хаџи-Јанев ги анализираше и последните случувања во Пацификот меѓу Токио и Москва. Зборуваше и за враќањето на воениот рок во Србија и дали Македонија би требала да го стори истото. Професорот  ја  искоментира и последната средба на американскиот претседател Бајден со неговиот француски колега Макрон.

Повеќе од разговорот со проф. Хаџи – Јанев погледнете го во видеото во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот