ВИДЕО | Пробиен е претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка
Директорот на Јавното претпријатие „Македонски железници –инфраструктура“, Синиша Ивановски преку неговиот фејсбук-профил објави видео од пробивање на претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка.
Препорачано
Ова, како што вели, е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија.
„Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија“, напиша Ивановски.
Тој вели дека прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но го пофали изведувачот за неговиот успех во градбата на тунелите.
Вицепремиерот и министер за транспорт на земјава, Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов на 6 ноември го потпишаa Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија, со што, двете земји ги дефинираа активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8.


