ВИДЕО | Принцот Хари искрено во шоуто на Џејмс Корден: „Го направив она што секој сопруг и татко би го направил – морав да го одведам семејството оттаму“

Instagram
Instagram

Додека сите се прашуваа и поставува свои причини зошто Принцот Хари заедно со неговото семејство се одлучи да започне нов живот надвор од кралството сега го имаат одговорот лично од него.

Принцот Хари вели дека отстапил од кралските должности бидејќи британскиот печат бил „токсичен“ и го „уништувал“ неговото ментално здравје.


Хари му се отворил на Џејмс Корден во неговата емисија „The Late Late Show“. Двајцата се возеле во двокатен туристички автобус низ Лос Анџелес, а принцот помеѓу останатото му објаснил на популарниот водител зошто го напуштил кралското семејство.

„Не си заминав, се повлеков“, рекол Хари, објаснувајќи дека морал да го заштити своето семејство.

„Го направив она што секој сопруг и татко би го направил – морав да го одведам семејството оттаму“, му признал на Корден.

„Но, никогаш не се оддалечивме, а што се однесува до мене, никогаш и нема да си заминам“, изјави Хари.

Принцот ги испровоцирал и таблоидите, наведувајќи дека му е подраго прикажувањето на историјата на неговото семејство во серијата „The Crown“ бидејќи тие „не се преправаат дека се вести“ и додал дека би сакал во серијата да го глуми Дамиен Луис.

Во текот на возењето во кое пиеле и традиционален британски чај, Хари му признал на Корден дека знаел дека Меган е онаа „вистинската“ веќе на нивниот втор состанок, а открил дека кралицата на нивниот син Арчи му купила апарат за вафли за Божиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот