ВИДЕО | Принцот Вилијам им делеше ручек на бездомниците: Го споредија со неговата мајка, принцезата Дијана
Принцот Вилијам ја покажа својата хумана страна за време на празничната сезона. На официјалниот Инстаграм профил кој го дели со сопругата, принцезата Кејт, објавено е видео на кое Вилијам им дели ручек на бездомниците.
View this post on Instagram
Принцот ја посети фондацијата „The Passage“ во Лондон, а за оваа прилика ставил и бела престилка. Тој со широка насмевка им делеше храна на бездомниците, а подоцна се сликаше со некои од нив.
„Искрена благодарност до сите волонтери на „The Passage“ кои неуморно работат на поддршка на бездомниците, особено за време на празничната сезона. Ваквите работи даваат надеж и создаваат чувство на заедница за оние на кои им е најпотребно“, стои во описот на Инстаграм.
View this post on Instagram
Видеото за краток период доби речиси 69 илјади лајкови. Набрзо почнаа и коментарите на фановите кои покрај брадата на Вилијам ја пофалија и неговата несебичност.
„Тој ќе биде најдобриот крал што оваа земја некогаш го видела“, „Природно е да ѝ служи на заедницата“, „Ми се допаѓа како е присутен кога разговара со другите“, „Обединетото Кралство е среќно што го има како принц“, се дел од коментрите.
„Тој го наследи тоа од принцезата Дијана“, „Сигурни сме дека твојата покојна мајка се гордее со тебе“, „Тој оди по стапките на мајка си. Таа го научи дека не секој има среќа како него“, коментираат други, сеќавајќи се на покојната принцеза Дијана.