ВИДЕО: Претседателот на ФФМ барал да се тргне селекторот Ангеловски од навивачката химна

Игор Ангеловски/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја презентира дел од навивачката химна во пресрет на настапот на фудбалерите на Европското првенство. Но, како што пишува „360 степени“, еден стих од песната не му се допаднал на претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, и поради тоа обарал да бидат променет. Станува збор за стихот во кој се спомнува селекторот на репрезентацијата, Игор Ангеловски.  Спорниот стих кој Сејдини барал да се тргне гласи „Мрме на чело на црвена армија, те слави Македонија“.

– Како можат да се дрзнат да го тргнат селекторот или некои играчи од химната, тоа е некоректно и жално. Мислам дека стигнала оваа порака до Федерацијата и мислам дека треба добро да размислат пред тоа да го направат. Но, тоа е за секоја осуда. Ја покажаа нивната некомпетентност, нечовечност. Нема да биде коректно да го тргнат селекторот. Ајде, да ги ставиме тогаш луѓето од Управен одбор во химната, дека тие се најзаслужни што се пласиравме на ЕП. Треба да разберат дека ова е репрезентација на сите, а не нивна – зборува капитенот на репрезентацијата Горан  Пандев за „360 степени“.
Денеска ФФМ преку официјалната фејсбук страница на фудбалската репрезентација на Македонија презентира дел од гхимната и тоа со стиховите каде се споменува селекторот Ангеловски.
Целиот текст може да го прочитате на овој ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот