ВИДЕО | „Преслатка“: Мачка бара да ja полеваaт како растение

мачка
Фото: Принтскрин/Редит

Мачка по име Ели која сака да ja полеваат со вода како растение ги воодушеви користиците на социјалните мрежи.

Видеото објавено на „Редит“ со наслов „Мојата мачка бара да ја полевам како растение“ стана многу популарно и за помалку од 24 часа собра над 10 илјади лајкови и бројни коментари. Видеото од 13 секунди започнува со кафеава мачка која мјаука додека стои пред растение во дворот.

„Што сакаш? Сакаш да те полеам?“, ја прашува сопственичката на мачката, а потоа ја зема кантата за полевање и ѝ истура вода. На мачката очигледно многу ѝ се допадна тоа и веднаш почна да се радува.

Видеото воодушеви многу корисници, а многумина од нив го коментираа необичното уживање во водата на мачката.

„Ова мало маче сака да се бања, ми се допаѓа нејзината реакција“, „Каткус“, „Спектакуларно“, „Колку е преслатка“, „Дефинитивно лудо“, „Мачките што сакаат вода се многу ретки, единствената што сум ја видел е баба“, напишаа ентузијастичките корисници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот