ВИДЕО | Преку протест просветните работници од Трстеник порачаа: Не треба да се криеме во глувчешки дупки!

Во центарот на Трстеник вечерва се одржа протест на просветни работници на кој присуствуваа наставници од сите основни и средни училишта од подрачјето на таа општина, јавно Нова.рс.

На толпата им се обрати Ивана Вучиниќ, наставничка по информатика во основно училиште во Трстеник.

„А кој е тој што треба да биде лидер на ова општество? Претпоставувам, едукатори. Не треба да се плашиме и да се криеме во глувчешки дупки, бидејќи тоа не е нашиот повик. Треба да ги научиме децата да размислуваат критички и да решаваат проблеми.“, рече Вучиниќ.

Prosvetari iz Trstenika poručili: Ne treba da se skrivamo u mišje rupe! VIDEO

Инаку на социјалните медиуми пред два дена се појави видео снимка каде се гледа како ученици во училница во училиште во Трстеник Србија, се изживуваат врз наставничка, а малтретирањето го снимиле со мобилен.

За случајот била известена полиција, а управата на училиштето покренала дисциплинска постапка против учениците.

ВИДЕО: Во Србија ученици се изживуваат врз наставничка, малтретирањето го снимиле со мобилен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот