ВИДЕО: Во Србија ученици се изживуваат врз наставничка, малтретирањето го снимиле со мобилен

Ученик ѝ приоѓа на млада професоркаво средно училиште од од зад грб, го извлекува столчето на кое седи, по што таа завршува на подот, додека друг сето тоа го снима, а учениците се смеат – видео со ваква содржина, снимено деновиве, беше објавено во медиумите и ја изненади јавноста во Србија.
За случајот била известена полиција, а управата на училиштето покренала дисциплинска постапка против учениците.
Užas u Trsteniku, maltretiraju nastavnicu i izmiču joj stolicu. pic.twitter.com/zLKDe2KXuB
— krunskisvedok (@noviput) November 16, 2022
„Тоа се случи на час, каде што немаме безбедносни камери. Ги презедовме сите законски мерки. Писмено ги известивме родителите и сите засегнати институции, управата на училиштето и поведов воспитно-дисциплинска постапка. Кога ќе се утврдат сите факти, учениците ќе бидат казнети со одредена дисциплинска мерка“, изјавил директорот на Техничкото училиште во Трстеник Милан Глиџиќ.
Учениците кои учествувале во инцидентот не биле познати по големи прекршоци во училиштето. Се случувало, вели директорот, да бегаат од час пред писмена задача или испрашување, поради што добиваат неоправдани изостаноци.
„Ова е првпат вакво нешто да се случи, јас сум во ова училиште 30 години“, вели директорот.
Учениците, кои очигледно не биле најпаметни, видеото од малтретирањето на професорката го објавиле на интернет, се со цел да ја исмеваат, но наместо пофалби од врсниците, добиле осуда.