ВИДЕО: Прекрасна одбрана во финишот, Илиев го спаси словачкиот Серед од пораз

Илиев е меѓу повиканите за следните квалификациски мечеви за СП/Фото: facebook/www.bazala.sk

Во рамките од шестото коло во најсилното словачко првенство составот на Серед одигра реми на гостувањето кај Тренчин без голови (0:0).

За Серед ова е второ реми сезонава за моментно деветто место на табелата во тамошниот шампионат со пет бодови.

Клубот на нашиот чувар на мрежата го објави моментнот, односно одбраната во самиот финиш од средбата кога Илиев прекрасно го запре ударот на противникот.

На тој начин ја спаси својата екипа од пораз, македонскиот голман кој се најде на списокот играчи кај селекторот на нашата А репрезентација, Благоја Милевски, за претстојните септемвриски мундијалски квалификациски натпревари.

На табелата во првенство води Жилина со 12 бодови, во чиј тим настапува Енис Фазлагиќ. Во продолжение погледнете ја одбраната на нашиот репрезентативен голман:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот