ВИДЕО: Прекрасен гол на Барди од слободен удар во ремито на Трабзонспор

Енис Барди („Трабзонспор“)/фото: instagram.com/trabzonspor

Во пријателски натпревар како подготовка за новата сезона екипите на МОЛ Фехервар и Трабзонспор ремизираа со резултат 2:2.

Турскиот клуб поведе со голот на Гомез од деветтата минута, па израмнија Унгарците во 37 минута преку Чонгваи.

МОЛ Фехервар имаше и предност од 58 минута со погодокот на Кодро, а Турците го избегнаа поразот благодарение на Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец кој влезе во игра од 62 минута, од слободен удар прекрасно стрелаше во 75 минута за поставување на конечниот епилог.

За Трабзонспор ова беше втор тест ова лето, претходно загуби од хрватскиот Хајдук Сплит со 2:0. Закажани се два нови контролни мечеви, на 16 јули Трабзонспор ќе игра против словенечкиот Целје, а како што е веќе познато ќе ги одмерат силите и против Работнички.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trabzonspor (@trabzonspor)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот