Работнички ќе тестира против Ал Етифак на Стивен Џерард

фото: ФК Работнички

Работнички утре заминува на подготовки во Терме Чатеж, Словенија, каде ќе одигра четири пријателски натпревари. Двата последни теста се против најзвучни ривали, турскиот прволигаш Трабзонспор и саудискиот клуб Ал Етифак, чиј тренер е Стивен Џерард.

Првиот тест во Словенија, Работнички ќе го има против Аждод од Израел на 19 јули. Три дена подоцна тимот ќе одигра пријателски меч против словенечкиот второлигаш Бриње.

На 25 јули, противник на Работнички ќе биде турскиот прволигаш Трабзонспор, чиј член е македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Генералната проверка на Работнички пред почетокот на новата сезона ќе биде против саудискиот клуб Ал Етифак, на чија клупа наодамна седна англиската легенда Стивен Џерард, а во тимот настапува македонскиот репрезнетативец и поранешен играч на Работнички, Дарко Велковски.

На 29 јули, Работнички ќе ги заокружи летните подготовки во Терме Чатеж и ќе се врати во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот