ВИДЕО | Предлог воени филмови: Нешто за плачење, нешто за надеж

воени филмови
Филмови, Фото: Јутјуб, принтскрин

Секогаш кога светот е соочен со машизмот бара утеха во уметноста. Затоа и ја создаваме, нели?

Ако ви е потребна оддишка од војната во уметничкото поимање на истата, погледнете ја оваа кинематографска листа, за која ви треба придружба и марамчиња. Избегнете ги пуканките, мали се шансите да уживате во нив додека олфакторните сетила ви се нападнати од повторливоста на нашата историја.

Во војната никој не победува, а овие филмски дела останале споменици, потсетници(бидејќи историските со детинеста ревносност ги игнорираме) на деструктивната жед за освојување. Фашизам, империјализам и слично, нажалост никогаш нема да останат само идеолошки термини во учебниците и додека ве болат градите и жеднеете светот да го прегрнете, скротете се, пуштете си еден од 10-те воени филмови кои ви ги предлагаме и потонете во идеологија.

Casablanca (1942)

Кога ви се гледа еден од најдобрите филмови некогаш снимени

Hiroshima Mon Amour (1959)

Кога ви се размислува за крајот на светот

Lawrence of Arabia (1962)

Кога походот за мир ви се чини залуден

Apocalypse Now (1979)

Кога распределбата на моќ ви ја копа душата

Come and See (1985)

Кога ви се гледа поезија

 Ran (1985)

Кога ви се сведочи тестамент на голем човек

Stalingrad (1993)

Кога сте убедени во монополот на апсурдот

 Lepa sela, Lepo gore (1996)

Кога сакате да бидете полокално вознемирени

Three Kings (1999)

Нешто со среќен крај

Inglourious Basterds (2009)

Кога сакате да ви биде удобно во Холивуд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот