ВИДЕО: Познати осминафиналните двојки во англискиот ФА куп

фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Фудбалерите на Челси се пласираа во осминафиналето на англискиот ФА куп, откако на гостински терен во Бирмингем во повторениот натпревар ја совладаа Астон Вила со 3:1.

Првиот меч заврши без голови (0:0), на вториот дуел на „Вила Парк“ поведоа „сините“ со погодокот на Конор Галагер во 11 минута.

Позитивата на Челси ја зголеми Николас Џексон во 21 минута, третиот гол за лондонската екипа го реализираше Енцо Фернандес, а конечниот резултат го постави Муса Џаби во првата минута од судиското надополнување.

Нотингем го елиминираше Бристол на пенали со 5:3, по регуларните 90 минути и продолженијата беше 1:1. Орижи донесе позитива за домаќините во осмата минута, а Најт во 14 минута го израмни резултатот. Во ударите од белата точка сите беа прецизни во редовите на Нотингем, а на спротивната страна кај Бристол непрецизен беше Бел.

ФА куп
Осминафинале, двојки:

Блекбурн роверс – Њукасл
Челси – Лидс
Борнмут – Лестер сити
Ливерпул – Саутемптон
Нотингем форест – Манчестер јунајтед
Вулверхемптон – Брајтон
Ковентри сити – Медстон јунајтед
Лутон – Манчестер сити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот